Утрински Весник
Спорт

Милвоки го освои Чикаго, но остана без Јанис Адетокумбо

Милвоки го освои Чикаго, но остана без Јанис Адетокумбо

Кошаркарите на Милвоки бакс на гости го победија Чикаго булс со 100:112, но останаа без својот најдобар играч Јанис Адетокумбо кој го повреди зглобот на десната рака. Сепак, Брук Лопез со 33 поени се издвои како предводник на Милвоки кој дојде до 12. последовна победа во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Адетокумбо е неизвесен за Олстар натпреварот, каде заедно со браќата Танасис и Алекс треба да учествува и на натпреварот во вештини кој е закажажан за в сабота.

Гостите победија и на останатите два натпревари. Вашингтон славеше против Минесота со 106:114, иако претходно имаше негатива и од 20 поени разлика.

Лос Анџелес Клиперс ја доби пресметката против Феникс со 107:116. Пол Џорџ и Теренс Ман постигнаа по 26 поени.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам