Утрински Весник
Македонија

Милошоски: СДС и ДУИ со билатералните игри и договорот на Османи ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ

Antoni O Miloshoski 08.10.2024.jpg

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во актуелната емисија Само вистина изрази загриженост за нестабилната политичка ситуација во Бугарија. Тој истакна дека ќе почека до крајот на октомври за резултатите од непосредните избори во Бугарија. Тој напомена дека во Бугарија сеуште политичката сцена не е стабилна.

„Македонија не треба повторно да се соочи со изневерување на надежите за европска интеграција, особено не со наивни промени во уставот,” изјави Милошоски.

Тој апелираше за појасна и аргументирана комуникација со Европската унија, со цел да се осигура сигурен пат кон Брисел.

„Потребно е Европа да ја дефинира нашата европска перспектива. Не можеме да си дозволиме повторување на минатите грешки,” додаде тој, повикувајќи на одговорно раководство во рамките на државата.

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски