Борусија Дортмунд има намера да му понуди нов едногодишен договор на дефанзивецот Матс Хумелс, открива „Спорт билд“. Се очекува фудбалерот да ја прифати понудата, дури и со помала плата.
Раководството на германскиот вицепрвак во Бундеслигата води преговори за продолжување на договорот и со Махмуд Даху. Двете страни се заинтересирани за нов договор, а единственото несогласување е за должината на соработката. Фудбалерот инсистира на тригодишен договор, а Борусија Дортмунд сака покус период.
Што се однесува до капитенот Марко Ројс, клубот исто така планира да испрати понуда за нов договор. Актуелната соработка има важност до крајот на сезоната, а „милионерите“ би сакале да го имаат во тимот најмалку до 2024 година.