Утрински Весник
Економија

Милијардерите пронајдоа нов, свет грал за инвестирање: „Нема ограничување штом ќе го започнете“

Милијардерите пронајдоа нов, свет грал за инвестирање: „Нема ограничување штом ќе го започнете“

Најбогатите шефови на технолошки гиганти пронајдоа нов, свет грал на инвестиции – нуклеарната фузија.

dobivaj vesti na viber

Марк Бениоф, ко-основач и извршен директор на компанијата за облак компјутери „Селсфорс“ (Salesforce), ја нарекува изградбата на фузија реактори „величествен сон“.

„Тоа е светиот грал. Тоа е митски еднорог. Нема ограничување штом ќе го започнете“, изјави Бениоф.

Бениоф инвестираше во американската компанија „Комонвелт Фјужн Системс“ (Commonwealth Fusion Systems (CFS)), која дизајнира и создава компактни машини за нуклеарна фузија. Бил Гејтс е исто така инвеститор во CFS, а основачот на „Амазон“, Џеф Безос, инвестирал во канадската компанија „Џенерал Фјужн“ (General Fusion).

Фузијата е процес кој постојано се одвива на Сонцето. Тоа е процес на спојување на јадрата на лесни атомски елементи, при што се ослободува огромна количина на енергија. Научниците знаат веќе околу сто години дека енергијата на нуклеарната фузија се ослободува на Сонце, а се обидуваат да ја развијат на Земјата со децении. Едно од најголемите достигнувања во истражувањето за фузија се случи минатиот декември кога научниците од Националната лабораторија Лоренс Ливермор дојдоа чекор поблиску до пресвртница во создавањето чист и неограничен извор на енергија. Тоа беше првпат на Земјата кога контролирана реакција на фузија произведе повеќе енергија отколку што беше потребно за да се започне и одржи. Нуклеарната фузија се смета за потенцијален извор на енергија во иднината, бидејќи не произведува нуклеарен отпад. Но, веројатно ќе поминат децении пред да може да се примени за комерцијално производство на електрична енергија.

И покрај ова, секторот за нуклеарна фузија забележа голем пораст на глобалните инвестиции во последниве години. Само во 2021 година, околу 2,8 милијарди долари беа инвестирани во фузија, во споредба со околу 2 милијарди долари во претходната деценија.

Бениоф рече дека лицето кое го убедило да инвестира во компанија која се занимава со комерцијализација на нуклеарна фузија е Винод Косла, ко-основач на „Сан Мајкросистемс“ (Sun Microsystems).

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст