Утрински Весник
Спорт

Милевски: Горд сум на играта, но недостигаше реализација

Милевски: Горд сум на играта, но недостигаше реализација

Топ спорт во Тбилиси,
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Грузија со 2:0 на гостувањето во Тбилиси. Автоголот на Бојан Миовски донесе водство за домаќинот, а Квича Кварацхелија го постави конечниот резултат.

Селекторот Благоја Милевски вели дека е горд на играта што Македонија ја прикажа во поле, но недостигаа голови за триумф.

„Одигравме квалитетно во поле и можам да бидаме горд на играта што ја прикажавме со оглед дека доминиравме. Единствено што недостигаше е подобра реализација. Создадовме многу шанси, но повторно има пад на концентрацијата и грешки во клучни моменти. Но, ние сме тим, заедно победуваме и заедно губиме, никогаш нема да издвојувам поединци. Би сакал да им честитам на Грузијците за победата и за првото место во групата од Лигата на нации“, изјави Благоја Милевски.

Македонија в понеделник ќе биде домаќин на Бугарија во последниот натпревар од ова издание во Лигата на нации.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026