Утрински Весник
Свет

Голем број Руси влегоа во Финска по наредбата за делумна мобилизација, земјата најави ограничување на бројот на руските државјани

Голем број Руси влегоа во Финска по наредбата за делумна мобилизација, земјата најави ограничување на бројот на руските државјани

Вчера повеќе од 6.400 Руси влегоа во Финска по пат на копно, што е бројка споредлива со вообичаениот број руски државјани кои влегуваат во Финска за време на викенд, но не и во работен ден.

dobivaj vesti na viber

Ова денеска го изјави Мати Питканиити, директор на канцеларијата за меѓународни односи при финската гранична стража. Вчера, додаде тој, Финска ја напуштиле 3.227 Руси.

Претходно денеска финската гранична полиција соопшти дека денеска линијата возила од Русија на југоисточните гранични премини Ваалимаа и Нуиџамаа била подолга од вчера.

Колоната за влез во Финска од Русија на граничниот премин Ваалимаа утрово во 9 часот била долга околу 500 метри.

Финска значително ќе го ограничи влезот на руските државјани

Финските власти соопштија дека „значително ќе го ограничат влезот на руски државјани“, на границата со Русија, откако бројот на премини од руска страна кон Финска нагло се зголеми по наредбата на Владимир Путин за делумна воена мобилизација.

Наведувајќи ја „сериозната штета на меѓународната положба на Финска“, Комитетот на министри за надворешна и безбедносна политика, исто така, заклучи дека новите визи ќе бидат ограничени, се вели во соопштението на финската влада.

Бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, откако Москва најави мобилизација за војната во Украина.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади