Утрински Весник
Спорт

Милер се шегува пред дуелот со Барса: Мане десет дена ме потсетува да не му додавам на Левандовски

Милер се шегува пред дуелот со Барса: Мане десет дена ме потсетува да не му додавам на Левандовски
Dik 300x250 mk

Томас Милер повторно ќе се најде на теренот со Роберт Левандовски, но сега нема да го носат истиот дрес и капитенот на Баерн Минхен вели дека на тренинзите добивал предупредувања да не му ја дава топката на Полјакот во дуелот од Лигата на шампионите против Барселона.

dobivaj vesti na viber

„Мане на шега барем десет дена ми кажува да бидам внимателен и да не му ја додадам топката на Левандовски. Мораме да ја играме нашата игра и да не се фокусираме на него премногу. Нашата врска на теренот се развиваше во текот на годините, но сега имаме доста флексибилни играчи во нападот, а не само една фиксирана цел“, вели Милер.

Тој признава дека обновената Барселона ќе биде вистински предизвик за германскиот шампион.

„Мечевите од Лигата на шампионите секогаш привлекуваат повеќе внимание, како меч на ‘Сан Сиро’ или меч против Барселона. Тоа е дополнителна мотивација и сите го даваат максимумот. Кога ќе се сретнат најдобрите европски тимови, сите се мотивирани. Знаеме дека Барса имаа одличен старт на сезоната со многу голови. Ми се допаѓаат, но ќе одиме утре да ги победиме“, додава Милер.

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане