Утрински Весник
Свет

Милановиќ во Софија: Македонија и Албанија можат да бидат одвоени во преговорите со ЕУ

Хрватскиот претседател во Софија: Македонија и Албанија можат да бидат одвоени во преговорите со ЕУ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во посета на Бугарија, истакна дека постои опасност Македонија и Албанија да се поделат во преговарачкиот процес со Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Aко Република Северна Македонија не ги направи уставните измени на кои се обврза, ќе мора да почека некое време додека не го исполни овој услов“, рече хрватскиот претседател, пренесе бнр.бг.

На тема европското членство на Македонија, бугарскиот претседател Румен Радев рече кажа во случајот со Македонија не се работи за билатерален проблем, туку за односот на Скопје кон европските вредности.

„Во срцето на Копенхашките критериуми за членство се човековите права. А неотповиклив услов на Бугарија, на Европската Унија за почеток на преговорите со Република Северна Македонија е постигнувањето на еднакви права за Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во Уставот и обезбедување законски гаранции за нивната еднаквост заедно со сите други наведени во Уставот како државотворни народи. Тоа е неотуѓиво барање“, рече Радев.

Милановиќ кажа дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан е суштинска за стабилноста и просперитетот на животната средина. Повтори дека Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина веќе треба да бидат во Европската унија.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници