Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ по „Дипломатската берба на грозје“ одговараше на прашања на новинарите и меѓу другото рече дека ќе присуствува на погребот на англиската кралица Елизабета Втора во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Новинарите му кажаа на претседателот дека за присуството на погребот на кралицата Елизабета Втора, некои светски лидери како американскиот претседател Џо Бајден бараат посебен третман во однос на патувањето, иако се препорачува да се оди со комерцијални летови и приватни автобуси.

„Кога тие ќе летаат со комерцијален авион, тогаш ќе летам и јас“. Мислам, одам на погребот на кралицата, но никој не дојде на погребот на Туѓман. Државите го паметат тоа. Одам на погребот на британската кралица која почина на должност, како и хрватсккиот претседател… Па некако и мојот претседател умре… па ми дојдоа само Орбан и Демирел. А како ќе летам тоа е моја работа“, изјавил тој.

Додал дека хрватскиот авион се ремонтира.

„Секако дека ќе одам со комерцијалната линија бидејќи хрватскиот авион веќе четири месеци е на ремонт. Авионот да беше достапен, ќе одев со државен авион. Така треба, така треба да летаат хрватските претседатели и премиери. Тоа е правило, тоа мора да го научиме. Хрватска има само еден авион, така што – тоа што го имате со тоа летате“, заклучил тој.

Можете да прочитате

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Јапонски министер поднесе оставка откако рече дека не купува ориз затоа што го добива бесплатно

Русија распоредува десетици авиони и стотици шатори крај границата со Финска