Утрински Весник
Балкан

Милановиќ дава оставка од функцијата претседател на Хрватска, ќе се кандидира за премиер против Пленковиќ

Milanovic I Plenkovic.jpg

Зоран Милановиќ дава оставка од функцијата претседател на Република Хрватска.
Милановиќ ненадејно се појави на прес-конференцијата на СДП и објави дека на изборите се кандидира со коалицијата СДП како премиерски кандидат.

Тоа значи дека на парламентарните избори сосема неочекувано ќе има судир меѓу Милановиќ и актуелниот премиер Пленковиќ.

„Во животот на секој од нас има моменти кога треба да излеземе од зоната на удобност. Тој час ми затропа на врата со моментот на извесен Турудиќ. Дојде време коњите да се оседлаат!“, рече Милановиќ.

Милановиќ им вети на граѓаните одлучна и чиста влада.

„Ќе ги исфрлиме крадците, угнетувачите и нивните помагачи. Со мене знаете на што сте. Јас и моите колеги не сме згрешиле во владата, се видело, се знае, и нема. Верата и силата да се работи заедно се поголеми од разликите“, рече тој.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени