Утрински Весник
Спорт

Милан Андонов – вљубеник во фудбалот за кого допрва ќе се слуша

1cebc343 D756 499f 9222 A89ec651ce65.jpg

Кога е во прашање фудбалот за него граници нема, Милан Андонов е младото момче кое неуморно уште од мали нозе напорно работи и се труди да достигне што поголеми успеси во овој спорт и може слободно да кажеме дека навистина одлично му оди.

Милан има 14 години, а својата кариера во фудбалот ја започнува во ФК Форца кај тренерот Јовче Џипунов на свои 8 години, неговиот талент беше веднаш препознаен, па затоа започна да игра во првиот тим за генерација 2010. Во овој клуб Милан ги освои своите први трофеи и медали како најдобар фудбалер во негова генерација.

Неговата кариера продолжи во ФК Партизан – Скопје, а неговиот талент го препозна и координаторот во детската лига, г-дин Кочо Димитровски, па младиот Милан доби понуда да биде дел од Македонската фудбалска репрезентација, одлична понуда која за жал Милан мораше да ја одбие поради преселба во Германија.

Фудбалската кариера на него не заврши овде, напротив во Германија, Милан исто така започна да игра за SV Rees каде освои повеќе медали и прво место во повеќе турнири и натпреварувања, како и поединечни медали за најдобар играч и стрелец, набрзо Милан премина во BW Dingden каде исто така освои медали и пофалници за најдобар играч и стрелец со просек постигнати 3.5 гола по натпревар.

Важно е да се спомене дека Милан работни напорно, односно неговите навики потполно се променија, па така тој има по два тренинзи дневно, наутро и навечер, посебен режим на исхрана, како и определено време за користење на мобилни телефони, кои строго ги почитува.

Неговите ангажмани продолжуваат и ова лето, веќе оваа седница Милан патува за Србија, во ФК Партизан каде доби покана да биде дел од нивните припреми за новата сезона, а наредната година патува и за Шпанија каде ќе оствари соработка со два клуба кои се натпреваруваат во Ла Лига.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024