Утрински Весник
Магазин

Мила Кунис прекрасна на премиерата на „Најсреќната девојка на светот“

Мила Кунис прекрасна на премиерата на „Најсреќната девојка на светот“

Мила Кунис воодушеви со модерна креација на премиерата на својот нов филм „Најсреќната девојка на светот“ (Luckiest Girl Alive) во Њујорк во славниот театар „Парис“.

dobivaj vesti na viber

39-годишната актерка пристигна на свеченоста во црн блејзер- фустан со висок крој, кој ја истакна нејзината витка фигура.

Својот изглед го балансира со високи чизми кои одлично прилегаат на долгите нозе додека чекореше по црвениот тепих.

 

Мила глуми, а исто така, и помогна во продукцијата на „Најсреќната девојка“, кој се базира на истоимениот роман од 2015 година на Џесика Нол.

Книгата, чија авторка сама ја прилагоди за филмско платно, следи модерна уредничка на женско списание со седиште во Њујорк.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик