Утрински Весник
Свет

Михал: Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

C096baf6 dac3 4dea bc67 48d7c22e779d.jpg

Естонскиот премиер Кристен Михал на денешната заедничка прес-конференција со финскиот колега Петери Орпо во Талин изјави дека Естонија е подготвена да учествува во мировна операција во Украина со најмногу една чета војници.

Претходно, и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц изјавија дека поддржуваат распоредувањето мировни сили во Украина по завршувањето на војната, како дел од така наречената Коалиција на подготвените.


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Киев истакна дека сојузниците на Алијансата и Украина заедно работат на безбедносните гаранции за Киев, за да бидат сигурни дека Русија нема повторно да нападне.

Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на тоа, посочи Руте. 

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија