Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Михаиловски: Со мерката „Младински додаток“ обезбедивме дополнителен приход од 3.000 денари за младите до 23 години

20240224124748 big 730x400 70.webp.webp
300x250 opst2

Растот на платите кои СДСМ ги обезбедува во континуитет се значајни за сите работници, но и особено за младите.

Со мерката „Младински додаток”, којашто ја воведе СДСМ, се обезбедува дополнителен приход од 3.000 денари за младите до 23 години вработени во производство.

Оваа мерка досега ја искористиле 13.000 млади лица. Тоа значи дека тие имаат 50 евра плус во нивниот месечен буџет со оглед на тоа дека работат во производство.

Подобри и подобро платени работни места директно влијаат на подобрување на стандардот на младите и создаваат клима во која платите растат во сите сектори.

За младите е особено важно што овие мерки ги воведовме во дијалог со младите а оваа мерка значајно влијае и врз севкупниот економски развој.

СДСМ е на страната на младите и така ќе продолжиме

СДСМ обезбедува подобро платени места за младите и повисок младински стандард. Со СДСМ младите добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа