Утрински Весник
Балкан

Мицотакис: Владата нема да попушти под уцени, приоритет е безбедноста

Micotakis.jpeg

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека Владата нема да прифаќа уцени и дека не може да фаворизира една општествена група на штета на другите, осврнувајќи се на протестите на земјоделците. Тој изрази очекување дека состојбата ќе се смири и потсети дека наредната недела ќе бидат завршени исплатите за земјоделците во износ од 3,8 милијарди евра, додавајќи дека најголем дел од нивните барања веќе се исполнети или се предмет на разговор.

Мицотакис нагласи дека државата одговорила во рамки на економските можности и европските обврски, а апелираше на општествена одговорност за нормално функционирање на сообраќајот, пазарите и туристичките дестинации, особено пред празниците. Според него, безбедноста во сообраќајот е апсолутен приоритет, а одлуките за пуштање на патиштата ги носи сообраќајната полиција.

Земјоделците најавија олабавување на блокадите пред Божиќ, но тракторите ќе останат на дел од коловозите, што според полицијата претставува безбедносен ризик.

Можете да прочитате

Брисел за набавката на оружје на српската армија од Кина: Европскиот пат на Србија бара јасни стратешки избори

Ќе пушта ли Иран танкери низ теснецот ако нафтата се плаќа во кинески јуани?

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот