Утрински Весник
Свет

Мицотакис смета дека реториката на Ердоган не води кон војна, но ако дојде до тоа Грција ќе победи

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека не може да замисли дека тензиите со соседниот сојузник во НАТО, Турција, некогаш би можеле да ескалираат во вооружен конфликт.

dobivaj vesti na viber

Запрашан од „Асошиејтед прес“ на прес-конференција во Солун дали неодамнешната ескалација на реториката од Турција, предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, може да биде увертира за вооружен конфликт, Мицотакис одговори – не.

„Не верувам дека тоа некогаш ќе се случи. И ако, не дај Боже, се случи, Турција ќе добие апсолутно поразителен одговор. И мислам дека тие многу добро го знаат тоа. Турција е свесна за подготвеноста на грчките сили“, рече тој

Ердоган ја обвини Грција за окупација на наводно демилитаризирани острови во Егејското Море и се закани дека Турција ќе преземе акција.

Мицотакис додаде дека и покрај неприфатливите коментари на Ердоган, тој се уште е отворен за дијалог и средба со него.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски