Утрински Весник
Балкан

Мицотакис: Праведен и одржлив мир не може да биде резултат на капитулација на Украина

20240617093020 Big 730x400 97.webp.webp

Говориме за праведен и траен мир. Но, верувам дека сите што сме овде можеме да се согласиме дека овој мир не може да биде резултат на капитулацијата на Украина. Затоа Грција, заедно со многу други земји, ќе продолжи да ја поддржува Украина да се брани, за да дојдеме до точка да има кредибилни преговори, што ќе доведат до праведен и траен мир, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот за мир во Швајцарија.

Мицотакис изрази задоволство што во заклучоците во заедничкото соопштение е истакната важноста од одржување на слободна, целосна и безбедна трговска пловидба, како и поддршка за Украина во заштитата на нејзините пристаништа и инфраструктура, но посочи дека најважната причина зошто оваа војна е глобално прашање „е фактот што сите ние сме тука да ја изразиме нашата посветеност на меѓународниот поредок заснован на правила“.

– За да се испрати многу јасна порака дека суверенитетот мора да се почитува, дека границите не може да се менуваат со сила, дека мора да се почитуваат меѓународните правила, дека земјите и народите имаат право да изберат свој систем на владеење и да ја одредуваат сопствената судбина и сопствената иднината, дека нуклеарната безбедност не може да биде загрозена, дека храната не може да се инструментализира, порача Мицотакис.

Во изјава за државната телевизија ЕРТ по завршувањето на Самитот, грчкиот премиер посочи дека „со самиот факт што учествуваа речиси 100 земји е важна глобална потврда за потребата конечно да се постигне праведен и одржлив мир во оваа војна“.

Од Швајцарија, Мицотакис замина за Брисел каде што денеска ќе учествува на неформалниот самит на ЕУ, а за ЕРТ изрази оптимизам дека Урсула фон дер Лајен повторно ќе биде избрана за претседателка на Европската Комисија.

-Како што знаете, заедно со полскиот премиер презедовме должност на неформални преговарачи во име на Европската народна партија со цел да дојдеме до распределба на важни одговорни позиции. Да, оптимист сум дека на неформалната лидерска вечера ќе стигнеме до заедничко прифатливи имиња, почнувајќи очигледно со кандидатурата на г-ѓа фон дер Лајен за да продолжи да биде претседателка на Европската комисија и во следните пет години, рече Мицотакис.

Можете да прочитате

Во Србија во 2022 година речиси половина од смртните случаи биле поради кардиоваскуларни заболувања

Ужас во Црна Гора: Една година сексуално злоставувaно малолетно дете

ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок