Утрински Весник
Македонија

Мицотакис: Патот на Скопје и Тирана кон Европа поминува и низ Грција

20240606092621 Big 730x400 81.webp.webp

Нашиот глас на изборите станува порака до нашите северни соседи. Нивниот пат кон Европа минува и низ нашата земја, преку почитување на меѓународниот легитимитет, на владеењето на правото, на Договорите. Нешто што се однесува како на Скопје, така и на Тирана, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун, за време на предизборниот митинг во пресрет на евроизборите, јави дописничката на МИА од Атина.

Деновиве кулминира предизборната кампања во Грција за европските избори што ќе се одржат в недела, Мицотакис вчера говореше на митингот на Нова демократија во Солун, а утре ќе го одржи последниот собир, традиционално во центарот на Атина.

Паралелно со митинзите, грчкиот премиер предизборните пораки до граѓаните ги испраќа и преку интервјуата, а последното беше вчера за телевизијата „Антена“.

Мицотакис, меѓу другото, уште еднаш побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кога официјално ќе стане премиер, да даде категорична изјава, дека го почитува Договорот од Преспа во кој „основното достигнување е едно име за сите, ерга омнес“. 

-Во спротивно, единственото нешто што ќе може да го постигне е да има едно многу непријатно прво искуство, кога сите заедно ќе се сретнеме во Вашингтон, на 75-годишнината од НАТО, на почетокот на јули, додаде Мицотакис и уште еднаш повтори дека и на НАТО Самитот ќе го покрене конкретното прашање.

На прашањето дали е на маса можноста Грција да им го блокира патот на Скопје и Тирана кон Европската унија, Мицотакис изрази оптимизам дека нема да биде потребно тоа, бидејќи, како што рече сигурен е дека „на крајот ќе надвладее логиката“. 

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор