Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија

Mickoski 2.jpg

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета на Детска клиника во Скопје.Тој посочи дека законот можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија за произнесување, а потоа и во Собранието за донесување.

– Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност да создаде закон кој што ќе обезбеди правична застапеност, но тоа не го направија. Тие создаваа импланти кои завршија со големи злоупотреби и измами. Таа опозиција, кога на времето беше во владата, и самите во еден извештај кажуваат дека времето на условно кажано алатката балансер е изминато и треба да се замени со нов начин за обезбедување правична застапеност. Но, кредибилитетот на тие политичари посебно за овој закон е сведен на нула, истакна Мицкоски.


Според премиерот, целта на новиот закон е да се обезбеди професионализам, да е применлив и да не се политизира.

– Да причекаме да се произнесе Венецијанската комисија, а потоа сите пратеници во парламентот ќе го имаат предлог текстот и ќе може да учествуваат со амандмани и доколку формата биде усогласена истата да биде изгласана, а потоа и применета. Сакаме се да биде како што треба за тоа да не се политизира и да не се создава политичка тема таму каде што нема потреба. Ова е закон што обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Забрана за камиони на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, магла на Плетвар

СДСМ: Нема одговор за дрогата од 5 тона, повторно само дефокус

Денес со 2,32 промили алкохол предизвика сообраќајка во Скопје – две лица повредени