Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: За успешна имплементација на реформската агенда, мораме да ја завршиме домашната задача

20122024 Miczkoski 3.jpg

По денешниот неделен состанок одржан од премиерот, заклучокот е јасна распоредба на одговорностите и засилена меѓуинституционална координација се клучни за успехот на реформите.

Главна тема на состанокот за која се зборувало било динамиката со која се одвиваат процесите и почитувањето на зададените рокови. Премиерот преку социјалните мрежи информираше за текот на состанокот:

„Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распоредба на одговорностите. Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда, мораме да ја завршиме домашната задача“, објави Мицкоски.

Можете да прочитате

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законска основа

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица