Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за градоначалниците кои го изневерија: „Свесен сум дека беа нашиот погрешен избор“

Mickoskidracevo.jpg

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес на отворањето на саемот на градоначалници „Четири години работа за тебе”, меѓу другото, нагласи дека луѓето што сега ја немаат нашата поддршка „ниту се дел од нашата коалиција, свесен сум дека беа нашиот погрешен избор“.

-Лекцијата е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, и колективно придонесовме тие да станат градоначалници. Не само што не ја оправдаа довербата која им ја дадовме, туку ги изневерија и нашите вредности кои сите останати градоначалници ги бранеа со работа и со дела претходните 4 години. Едната личност уште еден месец и половина е на чело на градот Скопје, другата на една скопска општина. Но секое искуство е драгоцено за да не се повтори грешката. И тоа нема да се повтори. Најважно е што сега одиме со сигурни кандидати и со сигурниу луѓе кои непогрешливо ќе придонесат за развојот на локалните самоуправи, изјаци Мицкоски, упатувајќи порака и за следните локални избори, како, како што рече е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг.


Според Мицкоски ниту една функција не е загарантирана ниту вечна и најави дека веднаш после изборите ќе ги отвори вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, а дека во владата ќе има реконструкција и подобрување на капцитетите.

– Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на владата сеогаш и треба зголемен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. Не сум човек кој ќе ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор, порача Мицкоски.

Мицкоски, нагласи дека „овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во владата, и Македонија ќе им каже не на ДУИ и СДСМ“.

-Повеќе од јасно е дека ДУИ и СДС имаат таен план, но не за народот, туку против народот. Тоа е сценарио мислено и координирано меѓу овие две партии – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација. Но, зад оваа игра не стојат само партиските штабови. Во таа намера, длабоката држава на СДС и ДУИ – нивните луѓе распоредени во судството, во изборната комисија, во институциите – денес се во коалиција. Коалиција за да го спречи поразот што ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Касами: Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

Збирката „Рајсфершулс“ на Јулијана Величковска добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми