Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Во јули собравме 7,6 милиони евра од патарини – 250.000 повеќе од лани

Patarina.png

Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи објави дека годинава во јули од патарини сме наплатиле 16 милиони денари повеќе од истиот месец лани. Според пресметките, оваа година од патарини во јули сме наплатиле над 7,6 милиони евра што е за повеќе од 250 илјади евра повеќе од ланскиот јули.

“Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места. Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа“ – порача Мицкоски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!