Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Собранието го достави предлогот за состав на нова влада

Vlada 183439.jpg

Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

За министер за жвиотна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, е предложен Изет Меџити од коалицијат Вреди, министер за здравство Арбен Таравари, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија Бесар Дурмиши. За министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи.

За министер за правда е предложен Игор Филков, додека за министер за јавна администрација Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Можете да прочитате

Бугарија со став: Нема потреба од посредници за спорот со Македонија

ВОНРЕДНО: Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини нападнат од три маскирани лица

Фото-Сиљановска-Давкова објави фотографија дека се сретнале со Бајден и се држеле за рака