Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

20251022182034 big 730x400 84.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорот на ЕБРД Одил Рено-Басо.

– Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ – објави на Фејсбук премиерот Мицкоски.


За средбата со Рено-Басо, пак, пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата.

– На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани – наведува Мицкоски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Пијани малолетници на мотор направиле сообраќајка во Штип

Велешанец при претекнување со возило се заканувал, потоа удрил во возилото, па се вратил со нож

Алиу: Околу 74 милиони евра за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово