Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

20251022182034 big 730x400 84.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорот на ЕБРД Одил Рено-Басо.

– Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ – објави на Фејсбук премиерот Мицкоски.


За средбата со Рено-Басо, пак, пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата.

– На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани – наведува Мицкоски на Фејсбук.

Можете да прочитате

ДОМ достави барања до МЖСПП: Јасни законски стандарди и целосна транспарентност при обновување на дозволата за „Титан Усје“

Македонец уапсен во Грција, со мотоцикл возел 223 километри на час

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството