Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Владата ги плаќа долговите за автобусите на Арсовска

Mickoski.webp.webp

„Да се случи тоа, Градот Скопје не успеа да ја врати навремено ратата која што беше дел од обврските за набавка на автобусите во минатото, таа е во висина нешто од над 50 милиони денари основен долг. Основниот долг е некаде околу 42, 43 милиони денари, другото е камата”, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски посочи дека Министерката за финансии го известила дека нема одговор од надлежните од Град Скопје за тоа дали може да ја сервисира обврската, па морала да преземе обврска и да го плати долгот.

„Министерката за финансии ме информираше после неколку ургенции и немање одговор од страна на градот, нормално по ургенција на доверителот односно Банката мораше да преземе чекор и да го плати долгот на Градот Скопје бидејќи тие не успееја тоа да го направат. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада да направиме некои дополнителни чекори за друг тип на ингеренции и обврски кои што ги има Градот Скопје, а кои што гледаме не ги извршува навремено, посебно тука мислам во делот на хигиената”, кажа тој и посочи дека секојдневно добиваат поплаки за хигиената во главниот град.

„Секојдневно до нас граѓаните реагираат, јас ова прашање ќе го отворам на следната седница и мислам дека и ги повикувам надлежните во Комунална хигиена во градот Скопје да работата а тоа за кое што се платени за кое што ги плаќаат граѓаните, бидејќи ова што денеска се случува во Скопје личи на се, само не на главен град на држава која што е дел од НАТО Алијансата и држава кандидат за членство во ЕУ. Мора да си го поставивме прашањето кое што е суштински важно, не што зборуваме, туку што правиме во име на тие вредности”, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека доколку нема прогрес односно промена на лошата состојба во Скопје, на следната владина седница ќе го отвори оваа прашање.

„Така што еве оваа обврска која што требаше да ја исполни Град Скопје од нешто повеќе од 50 милиони денари кон доверителот, не ја сервисира, и тоа го направи Министерството за финансии. Се надевам дека со домаќинско работење во периодот кој што следи, ако воопшто може тоа официјалните да го направат ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот кој што следи. И повикувам и апелирам да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини затоа што граѓаните тоа го заслужуваат”, рече Мицкоски и додаде:

„Ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзано со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму во она што е обврска на народна Влада, а тоа е да дејствува во името на повиците кои што ги добиваме на дневна основа од скопјани.”

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер