Утрински Весник
Економија

Мицкоски: В понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, од Владата нема најава за укинување на вториот пензиски столб

20260731131004 big 730x400 78.webp.webp

Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тоа, потсети, е редовна процедура на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека очекува набргу да биде објавен податокот за инфлацијата во јули.

– Но врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен инспекторат, очекувам сосема поинакви приоритети – нагласи Мицкоски.

Во врска со наводните најави за укинување на вториот пензиски столб, Мицкоски рече дека таква најава од името на Владата нема.

– Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема – истакна премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра