Утрински Весник
Македонија

Мицкоски упати телеграма со сочувство до Турција и турскиот народ за жртвите од земјотресот

Мицкоски упати телеграма со сочувство до Турција и турскиот народ за жртвите од земјотресот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати телеграма со сочувство до Турција и турскиот народ за жртвите од земјотресот.

dobivaj vesti na viber

„ Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ изразувам длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп.

Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување.

Тешко е да се изберат зборови за утеха во вакви трагични мигови, но сум уверен дека солидарноста и хуманоста на луѓето ќе помогнат што побрзо да се обединат и насочат сите капацитети кон обновување и санирање на погодените места од разорниот земјотрес“ напиша Мицкоски.

Можете да прочитате

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип