Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик власта се подготвува за опозиција

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, велат од СДСМ

При денешната посета на Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што власта вели дека новите измени на Кривичниот законик се следење на европските регулативи, истакна дека власта на тој начин се подготвува за опозиција, но идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци.

dobivaj vesti na viber

„Се подготвуваат за опозиција, мислат дека на тој начин ќе бидат амнестирани за целиот криминал што го правеле изминативе години, но мојата порака до нив и до сите оние што се надеваат дека на овој начин се спасиле, од која било власт, повторувам, од која било власт, се лажат. Едно се политичкиот прогон и политичките случаи, друго е евидентниот криминал што се случува изминативе шест години. Така што, неколкупати повторивме и со златно знаме да го изгласаат, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци, кои на маката на народот се богателе изминатите шест години. Така што, нема каде да се скријат ако мислат дека на овој начин ќе бидат амнестирани за злоделата и криминалот што го правеа изминатите шест години“, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран