Утрински Весник
Македонија

Мицкоски со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Владата на СДСМ и Ковачевски се гуши во криминални афери и скандали

Мицкоски со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Владата на СДСМ и Ковачевски се гуши во криминални афери и скандали

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на ИК и пратеник Антонијо Милошоски, и координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието оствари средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш.

dobivaj vesti na viber

Средба која се одржа беше од подготвителен карактер пред посетата на министрите за надворешни работи на Република Австрија, Словачка и Чешка која треба да се одржи во четврток во Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

Мицкоски ги информираше амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, додавајќи дека владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија.

Од негова страна беше истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД.

Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори.

Се заблагодари за досегашната поддршка и пријателскиот однос на Република Австрија, Чешка и Словачка кон Македонија, истакнувајќи дека соработката треба да продолжи и да се интензивира.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа