Утрински Весник
Македонија

Мицкоски си ги собра понудите за уставните измени: Можеме да се договориме само за избори

За Ковачевски, лидерот Мицкоски е нерелевантен да зборува за уставни измени: Тој не е пратеник и често менува ставови

Сите понуди кои беа на маса за уставни измени се минато, а отворен е патот само за предвремени парламентарни избори, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека комуникација со Владата немаат. Прашан како ќе ги искоментира тврдењата Димитар Ковачевски кој кажа дека оваа есен избори нема да има – Мицкоски посочи дека многупати од премиерот имало тврдења кои на крајот не биле така како што ги кажал

dobivaj vesti na viber

„Јас пред една година реков дека поднесувам оставка ако ова помине. Кажав деа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи. Во неколку наврати, ДУИ од Штип. По една година, можам да кажам на Ковачевски, Османи, Маричиќ, останатите – повеќе нема ништо на маса. Има само една работа – да седнеме и да се договориме за изборите, кога и како ќе бидат, на кој начин, со техничка или без техничка Влада. Од овој момент па натаму нема да зборувам ништо поврзано со уставните измени, туку единствената работа која би сакал да ја зборувам е за брзи парламентарни избори оваа есен“, додаде Мицкоски.

Тој смета дека пролонгирањето на уставните измени значи дека тие нема да се случат без опозицијата.

„Ние ги очекуваме цела година уставните измени. Од лани почна драмата. Требаше есента, па зимото, па февруари, па јули дојде. Имаме процес на одложување, а тоа значи дека тие немаат поддршка да го направат тоа што го прифатија без да ја консултираат опозицијата и македонскиот народ. А кога народот и опозицијата нуди решение, тие играат на карта интересот на Бугарија и ги одбиваат“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Возач на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа во која загина 17-годишник: со автобусот свртел лево за да избегне кабаст отпад и преминал во спротивна лента

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Холандија и Шпанија, Јан Коп и Сориано Ортиз

Уапсен 29-годишник од Прилепско за „предизвикување шумски пожар“