Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Mickoskiderlajen.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.


Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации

Имаме и ние „Ќаци” препишувачи, безидејното ДПМНЕ го копра Вучиќ

На премините Дојран и Табановце за излез од државата се чека 30 односно 40 минути, ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез