Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со Орбан, барал помош за составување изборна програма

Мицкоски се сретна со Орбан, барал помош за составување изборна програма

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Словенија на маргините на централниот настан на ЦДИ оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската ФИДЕШ. На средбата се разговарало за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ. Се потенцирала потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски покрај со хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Пленковиќ и со премиерот на Унгарија Орбан договорил заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори.

Мицкоски исто така се заблагодарил на поддршката на Унгарија која ја добива во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија. Мицкоски остварил и средба со меѓународниот секретар на ЕПП Патрик Волер.

На средбата се разговарало за зголемена соработка со Европската Народна Партија чија членка е ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на стратешките и национални интереси на Македонија. Била изразена поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ЕПП и разговарано било за идни планови за соработка.

Можете да прочитате

Ставрески и Славевски се најсериозни кандидати за гувернер на Народна банка

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина