Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Mickoski 2.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави:

„Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1500 деца, мислам дека 1461 точно, е капацитетот.


И уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1100 дечиња. Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни.”

Можете да прочитате

Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица – чекор кон похуман и посензитивен пристап во постапувањето со децата

Министерот Муцунски оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

МВР распиша оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“