Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: СДСМ и Филипче беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Ахмети

Miczkoski 21 768x512 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот завршен народен митинг во Охрид, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври, повика на обединување и масовна поддршка за кандидатите за градоначалници и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на број 9, за да им се даде лекција на СДСМ и Венко Филипче, кои беа подизведувачи на криминалот на Али Ахмети.

„7 години по ред, партнерски со ДУИ, ги разградуваа темелите на земјата. СДСМ и Венко Филипче беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Али Ахмети, кој денес се претвори во раскажувач на историски сказни со главна програма, сеење етничка омраза, додека народот му се иселува. И вака некако изгледа средената држава според рецептот на СДСМ, што во основа ми раѓа чувство на срам поради туѓиот срам“, рече Мицкоски.


Во однос на средената држава за која, всушност, зборува Филипче дека со СДСМ ја оставиле, Мицкоски му порача, да имало средена држава, народот ќе ги наградеше и тие ќе беа власт, а не длабока опозиција и партија во клиничка смрт, во која важно е што еден најмногу го сака, Зоран Заев кој им беше главниот гуру во кампањата и им се појави и на митинг во Струмица.

„Но таквата одлепеност од реалноста говори дека и СДСМ и претседателот на СДСМ не извлекле поука од времето кога владееја со државата, дека народот ги казни поради сиромаштијата, двоцифрената инфлација, поради тоа што 600 илјади наши сограѓани живееја со само 150 денари на ден. Поради тоа што тендерите и криминалот станаа заштитно лице на СДСМ и поради пазарџиската политика со државните интереси, предавствата и поигрувањето со најсуштинските теми за опстојбата на оваа држава“, истакна Мицкоски.

Затоа, рече Мицкоски, важно е на овие избори да се излезе во што поголем број за сите овие политичари да добијат сериозна лекција уште во првиот круг.

„Затоа што ако не добијат, врел шамар и нокаут на изборите, тие ќе мислат во иднина дека ова може да им помине. Тие ќе мислат дека оставиле пристојна држава и дека неработењето и криминалот може да се наградат. Затоа е важно да се излезе и гласа во што поголем број, достоинствено и масовно, затоа што лекцијата значи нокаут уште во првата рунда од изборите. Затоа е важен секој глас, а работата да ја завршиме уште во првиот круг“, порача Мицкоски од завршниот митинг во Охрид.

Можете да прочитате

Јаневска: Во 2026 рекордни 773 милиони денари за наука и истражувања

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета

ДСЗИ: Колабирано белодробно крило и кардиореспираторна инсуфициенција причина за смртта на новороденчето од Арачиново