Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал според Еуростат 3,2%

Mickoski pres .jpg

Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2%, тоа е бројката што ја објавува Еуростат, истакна на денешната прес конференција премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Македонија се најде на четвртото место Според Еуростат Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.


-Со тоа практично на досега објавените параметри кои што ги објавил Еуростат македонската економија е рангирана на 4 место веднаш позади Ирска, Данска и Полска, рече Мицкоски.

Премиоерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.

-Тоа не е случано и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат, додаде Мицкоски.

Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати рече Мицскоски.

-Знаевме дека не смнееме да губиме време, го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и на манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција. Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати, земајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината кој што секогаш е најслаб и најпредизвикувачки. Сепак доколку сакаме да бидеме до 2030тат уште повисоко на европската економска скала мораме да го одржуваме просекот кој што ќе биде поголем од 4 проценти, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, тоа многу зависи и од екстерните фактори, појасни премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Можете да прочитате

Величковски: Финтек-решенијата носат промени во дигиталните плаќања и отвораат нови можности за трговците и граѓаните

Влада: Три пати поголем раст на БДП во првиот квартал споредбено со лани

Зајакната меѓународна соработка: УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање