Утрински Весник
Македонија

Мицкоски пред лидерската: Ковачевски лаже дека изборот е интеграција или изолација

Мицкоски пред лидерската: Ковачевски лаже дека изборот е интеграција или изолација
Dik 300x250 mk

Ковачевски кога ќе каже интеграција всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати кои оваа држава и народ ги отфрла како понижувачки, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во пресрет на лидерската средба на која со премиерот Димитар Ковачевски ќе разговараат за измените во Уставот, со цел внесување на Бугарите и почеток на преговорите со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски од Прилеп порача дека измама претставува тезата на Ковачевски оти изборот е помеѓу интеграција или изолација. Вели дека ниту еден фактор во оваа држава не посакува изолација која веќе ја имаме и не може да се донесе нешто што веќе го живееме.

Ја обвини власта дека покажува сервилност пред светот, и наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да им прават притисоци кои се неприфатливи, треба да бараат од светот да добиеме подобри услови и фер шанса.

„Ковачевски како премиер да побара од истата Европска унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија“, кажа Мицкоски.

Според него, голема грешка овие години е тоа што крупните одлуки во земјата беа носени без единство и целосна согласност на опозицијата.

Можете да прочитате

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови

Германец фатен со дрога на Табановце