Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Ахмети, да му ја вратиме на народот

Miting 3.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот митинг во Демир Капија истакна дека на 24 април професорката Гордана Силјановска Давкова ќе го најави својот триумф, а конечниот триумф ќе се случи на 8 мај, а тогаш и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе освои мнозинство во македонскиот парламент со 61 пратеник.

Мицкоски истакна дека народот денеска во Македонија нема контрола врз сопствената држава, таа е заробена и киднапирана од страна на 100 разбојници на ДУИ поддржани од страна на измеќарите од СДС.

– СДС се измеќари на разбојниците од ДУИ, а тоа се другарчињата на Артан Груби, на Бујар Османи, заедно со Али Ахмети. Тие луѓе за жал ја киднапираа Македонија од народот, а народот разочаран ја напушта Македонија, не селата, туку градовите се празнат,  се помалку дечиња има во училиштата. Тоа е трагедијата која сурова реалност и таа реалност мораме да ја смениме, во спротивно ќе ја загубиме државата, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Али Ахмети да си ја вратиме, а тоа можеме да го направиме ако се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Мицкоски ги повика граѓаните да помогнат на Пендаровски да се исели бидејќи тој самиот кажа ако не бил претседател ќе ја напуштел Македонија. 

– Стево Пендаровски за себе вели дека најдобра карактеристика му било дека не крадел а тие кои го поддржуваат краделе, па тогаш со какви пари му ја финансираат кампањата? И оние скапо платени балкански мешетари кои ги донесоа да креираат фалсификати и да замајуваат јавност. Човекот е загубен, на сабајле прво ги озборува тие околу него, а на пладне преминува кон оние кои го поддржуваат, кои не ги носи со себе, бидејќи е самобендисан и мисли дека му е голем рејтингот и до него не се ни Ковачевски, ни Зечевиќ, ни Маричиќ, а во суштина немаше втор кој ќе прифатеше да биде губитник, рече Мицкоски.

Професорката Гордана Силјановска Давкова има свој став и е спремна да го брани својот став со аргументи. Тоа е жена која е титан и ги бранеше македонските интереси и надвор од Македонија во Советот на Европа. Таа како уставен експерт беше дел од Венецијанската комисија, инспирираше многу колеги кои денес ја цитираат и имаа од кого да учат. Таа остана и се бори за Македонија и народот.

Мицкоски нагласи дека на овие избори јасен е изборот, Гордана Силјановска Давкова е новиот претседател, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се новата влада и тука нема дилема, на сите им е јасно, Македонија треба да биде горда и твоја.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”