Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

Mickoskiupoz.jpg

Би сакам да се приклучам кон информацијата којашто и Трпе и Благоја од името на УПОЗ и САДУ ја пренесоа до медиумите и до јавноста и до вработените во администрацијата, но и до вработените во судовите и обвинителствата така што ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година, изјави премиерот Христијан Мицкоски по состанокот во Владата.
 
„Претходно знаете имаме вакви договори и со вработените во образованието и со вработените во здравството и во останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи ние како Влада, како најголем работодавач практично ги имаме регулирано нашите односи со нашите колеги во рамките на институциите, како и што самите претседатели и Трпе и Благоја кажаа ова е историски момент бидејќи до сега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите и нивно усогласување за да дојдеме до некое достоинствено ниво. И цениме дека ова се тие храбри чекори коишто ги правиме дури и во услови на светски предизвици коишто секако влијаат на економијата, во услови на внатрешни предизвици коишто секако влијаат на економијата со едно домаќинско, зрело, одговорно работење и работење со државната каса на еден начин на којшто можеме тоа се да го исполниме како држава еве постигнуваме договор и тој договор понатаму треба да се операционализира преку индивидуални договори, а тоа што го споменаа и двајцата претседатели, а ние како Влада го повторуваме веќе подолго време е дека општиот колективен договор е истечен, иако таму во завршните преодни одредби стои дека тој останува во сила сè додека не се донесе нов.

Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година се разбира очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците, но ќе ја има и Влада и цениме дека една ваква вин-вин комбинација, односно двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и најмногу државата се разбира можеме да го направиме со едно зрело работење и со една доверба што мислам полека, но сигурно со одредени структури во синдикатите. Не велам со сите, но со одредени структури во синдикатите ние како Влада ја имаме и градиме, бидејќи има структури што за жал никако да излезат од политичките прегратки на одредени политички партии“ порача Мицкоски.
 
 

Можете да прочитате

Во пензискиот систем не се проблем парите, туку концептот

Фрчкоски: Барањето на синдикатите е оправдано, има пари  во Буџетот за 600 евра минимална плата

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците