Утрински Весник
Македонија

Мицкоски положи свежо цвеќе во чест на жртвите од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка

Мицкоски положи свежо цвеќе во чест на жртвите од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес положивме свежо цвеќе по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка од времето на фашистичката окупација на Македонија. Овој чекор е сеќавање за човечката голгота и жртвата на невините луѓе, како и опомена за страотните последици на војната предизвикана од фашистичките окупатори на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

-Денеска се сеќаваме за 7144 наши сограѓани кои заминаа од своите домови и никогаш повторно не се вратија. Тагата и болката се сѐ уште присутни. Да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата која ни кажува дека војната и непријателството го раѓа семето на злобата, уништувањето и заедничката несреќа, додаде тој.

Мицкоски го осуди геноцидот врз еврејската популација како најцрниот настан во историјата на човештвото.

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола