Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Покрај душманското трошење на Буџетот од претходната власт, ќе обезбедиме повисоки пензии согласно ветеното

16072024 Mickoski.jpg

„Душмани да биле немало вака да се однесуваат”, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител, зборувајќи за тоа како работела претходната власт и како се однесувала со државниот Буџет.

На прашањето дали ќе има доволно средства за ветување за покачување на пензиите, премиерот Мицкоски потенцираше дека линеарното зголемување на пензиите од 5000 денари за пензионерите ќе се исполни, односно како што рече со овој Буџет во септември се обезбедуваат 2500 денари , додека останатите 2500 денари пензионерите ќе ги земат во месец март следната година.

„Ќе има за пензиите затоа што сега системот на зголемување на пензиите е линеарен и тоа што го ветив дека пензионерите ќе добијат линеарно зголемување од 5000 денари, тоа и ќе го добијат. 2500 денари во овој Буџет, а 2500 денари во март месец следната година. Така што ќе си има процес кој што ќе биде исполнување на ветувањето”, изјави премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице