Утрински Весник
Македонија

Мицкоски по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст: Во периодот кој што следи ќе ја продлабочиме соработката

2e4bdb35 f354 0854 ab30 4b9d1d984ae4.jpg

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски присуствуваше на настанот по повод 80 годишнина од формирање на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Премиерот во својата изјава изрази голема благодарност на работата и вклученоста на Црвениот крст поврзана со трагичниот настан во Кочани.


„Изразувам голема благодарност за тоа што го правеше и што го прави Црвениот крст за оној ужасен трагичен настан во Кочани. Можевме да го видиме и ревизорскиот извештај којшто е изготвен за средствата коишто се акумулирани и коишто делумно се потрошени, останува уште еден мал дел. Јас можам да кажам дека направија навистина голема работа, ние тогаш заеднички ја почнавме таа активност ги канализиравме сите оние доброчинители коишто сакаат да помогнат, да практично ги насочат своите средства во рамките на Црвениот крст и сметката којашто ја отвори Црвениот крст, и денарската и девизната, направија навистина одлична работа и за тоа јас сум им благодарен”, кажа Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека Владата треба да има поголема соработка со Црвениот крст и лично ќе се заложи да ја прошири соработката.

„Утврдивме заеднички дека е потребно на едно поголемо, повисоко ниво да ја зголемиме соработката помеѓу Владата и Црвениот крст, јас дадов збор дека таа активност ќе има мој персонален, личен фокус во иднина и дека многу скоро денеска во рамките на Владата, со ресорните министри ќе организираме состанок да видиме што од оние програми што ги имаат министерствата, со главен фокус на Министерството за социјална политика, демографија и млади можеме заеднички да соработуваме заедно со Црвениот крст. Така што уште еднаш да се заблагодарам и да посакам понатаму уште повеќе да соработуваме заеднички”, заклучи премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци