Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти

Img 5264.jpeg

„Благодарам на претседателот на СОНК. За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после би рекол неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови нема да правиме штрајкови и слично. Затоа беше многу важно ова што го постигнавме како договор, јас сум исклучително задоволен; заедно и со Министерството за образование и со Министерството за финансии, јас лично вклучен бев во овие преговори, разговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Така да што мислам дека се постигна договор којшто е историски во насока  на подобрување на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование.

 
Што е она коешто е делумно договорено, спомна и претседателот на СОНК, а тоа е дека од октомвриската плата практично која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе имаме покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе имаме покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%. 

Исто во зависност од состојбата на буџетот во март 2027та ќе имаме помеѓу 7 ипол и 10% и исто така зависно од состојбата на полнењето на Буџетот во март 2028 година ќе имаме помеѓу 10 и 12 ипол % покачување на платата, што би значело во овој дијапазон за којшто сега зборуваме во март 2028та наставниците и професорите во основното и средното образование треба да зимаат отприлика минимум 46% повисока плата од таа којашто ја земаат денеска, а може и повеќе во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа ќе зависи од приходната страна на самиот Буџет.

 
И исто така се договоривме најдоцна до февруари месец Колективниот договор биде завршен, потпишан и да имаме веќе една јасна основа како понатаму ќе можеме да се развиваме и кои ќе бидат коефициентите на сложеност на работните места, бидејќи сега имаме би рекол условно кажано нејаснотии во тој дел. Така што уште еднаш да изразам големо задоволство, да се заблагодарам и на Министерството за образование и на Министерството за финансии и на СОНК, на претседателот за една конструктивна расправа, дискусија, дијалог би рекол којашто се случуваше изминативе недели. 

Ние затоа побаравме и малку време за да знаеме со што да располагаме за да можеме да видиме какви се приходите, каде може да стегнеме , што можеме да направиме. Министерството за финансии планира ако биде се како што треба до крајот на оваа година да почне примената и на Е-фактура. Тука очекуваме дополнително намалување на сивата економија, односно зголемување на приходите.

 
Заклучно со септември месец значи ако ги земеме јули, август и септември месеци имаме околу 85 милијарди приходи. Претходните 6 месеци односно првата половина е некаде околу 125 милијарди приходи отприлика што значи дека многу повеќе  кога се работи домаќински кога се знае како се случуваат приходите во државната каса.

Продолжуваме и понатаму да разговараме, се отпочна со Економско- социјалниот совет тамо ќе има исто така дијалог во делот на правата и на работодавачите но и во делот на работниците, тука како Влада сме трета страна нели тука имаме партнерски дијалог помеѓу работодавачите и работниците.

Уште еднаш еве нека е аирлија и нека се множат вака успешни приказни и договори.“

Можете да прочитате

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка