Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Околу 70  милиони евра изминативе шест месеци се исплатени за земјоделците

30122024 5 1.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, колку пари беа исплатени од Буџетот за субвенции на земјоделците, информираше дека во последниве шест месеци се исплатени околу 70-тина милиони евра, рекорден број на финансиски средства за земјоделците.

„За земјоделците изминатата година се исплатени рекорден број на финансиски средства. Само  во последните шест месеци, мислам дека таа бројка е отприлика 4,3 милијарди денари, околу 70  милиони евра.


Од тие некаде околу 2,5 милијарди денари се знам долгови од минатото, што не се дел од оваа тековна фискална година и мислам дека на тој начин се покажува дека се можело и да се вратат старите долгови ако се работи домаќински, чесно, посветено и одговорно. Долгови се наталожување, затоа што не се работело домаќински, чесно и одговорно.

Така и ќе продолжиме и во годините коишто се пред нас и мораме да покажеме дека можело поинаку од тоа што беше како досега принципот”,  изјави премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ