Утрински Весник
Македонија

Мицкоски одговори што мисли за евентуално приклучување на ЛДП во владеачкото мнозинство

18102024 Mickoski 1.jpg

Владината коалиција е стабилна и цврста, речиси официјално 2/3 мнозинство во Парламентот. Секој што ги поддржува и споделува политиката на Владата може да се приклучи. Дали официјално би биле дел од владеачката коалиција, се уште не сум разговарал во рамките на партијата и коалицијата. Тоа е процес што треба да добие поддршка од сите политички чинители – не е битно само Мицкоски што ќе каже, вели шефот на Владата, Христијан Мицкоски околу евентуалното приклучување на Моника Зајкова и ЛДП кон владеачкото мнозинство.

Сепак, нагласи дека добредојдена е секоја поддршка за владините политики од секој пратеник во рамките на гласањето во Парламентот.

Одговарајќи на новинарско прашање дали власта може да достави предлог до Собранието за уставни измени со одложено дејство, без да биде формирана Влада во Бугарија, премиерот вели дека е „наивно да се направи“.

-Таков унилатерален потег би значело целосно загрозување на веќе загрозените евроинтеграции, поради авантурите на претходната Влада. Треба да се добие било каков сигнал за да можеме да одиме чекор понапред. Тоа можевме и порано да го направиме ако бевме почетници во оваа работа. Не сме ниту Бујар Османи, Маричиќ или Ковачевски да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес се граѓаните и државата, рече Мицкоски на поставување на камен темелник на детска градинка во Општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија