Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Аеродром: Наша задача како Влада е повеќе да нема листа на чекање за упис на дечињата во детските градинки, тоа што го ветивме го реализираме

13082024 Aerodrom 1.jpg

„Добар ден и од мене. Денеска  заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со членовите на владата на Муцунски, Лимани, граѓаните на Општина Аеродром, советниците, пратениците, луѓето коишто од минатото, пратениците сега сме на едно место, на коешто набргу од денеска, според информациите што ги добив, максимум за една година од денеска, ќе може дечињата да го поминуваат оној дел од својот живот, од таа предшколска возраст, каде што ќе можат да научат многу работи кои потоа ќе им бидат потребни во животот за совладување со животните предизвици. Како што кажа и градоначалникот, наша заедничка задача и цел е да многу скоро од денеска да нема повеќе листи за чекање, за упис во градинките во Општина Аеродром. Ова не е само задача на општината, туку и на владата, на политичките партии, и на коалицијата. Ветивме уште за време на кампањата дека секое дете заслужува свое место во градинките, доколку родителите одлучат да го запишат, и да нема повеќе листи на чекање, привилегии, итн.

Се бориме за подобра демографија, се бориме младите да ги задржиме тука, да немаме емиграција, да немаме иселување, и мораме како Влада, заедно со општините, заедно со ресорното министерство, со Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и со останатите колеги во владата, да работиме на тоа да ги обезбедиме сите потребни услови, за младите брачни парови да останат тука, и со самото тоа, и дечињата да растат тука, да другаруваат, што за нас претставува особена важност.

Како политика, ова е приоритет на новата Влада. Проектот сам по себе, со 2 милиони евра, можеби не значи многу како инвестиција, но функцијата на новиот проект значи многу. Бидете уверени, ќе се намалат листите за чекање за упис во градинките. Како што има уште многу вакви проекти, така ќе има уште многу функционални проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните насекаде во Македонија, па и овде.

Ова беше наша цел, ова беше наша програма и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме. Нека е со среќа, ова е почетокот на изградбата на овој објект, па за година дена од денеска, заедно да присуствуваме и на отворањето и приемот на првите дечиња коишто овде ќе го минуваат делот од своето детство.”

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор