
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави:

„Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат услуга на овие туристи. Тоа значи дека, ако просекот е некаде околу 800 евра, дека секој од нив оставил, надвор од аранжманот. Тоа се навистина стотици милиони евра коишто ќе останат тука, кај нас, во угостителството, во услужната дејност итн., итн. Очекуваме засилување, уште поголемо. Обидот, да директно преговараме со туроператори е успешен, 40.000 туристи од Западна Европа, веќе престојуваат тука, во вкупен број зборувам. Тоа се некаде околу 160.000 ноќевања, надвор од сезона, кога зборуваме за Охрид, иако и во другиот дел на државата, цела година е сезоната.
За следната година очекуваме, надвор од сезона, половина милион ноќевања. Веќе разговараме со други туроператори и очекуваме повторно двоцифрен раст на туризмот. Влијае на бруто-домашниот производ, влијае на економскиот раст на државата. Минатата година имавме 1.200.000 туристи. Оваа година очекуваме до милион и пол да дојдеме. Минатата година имавме 3,5 милиони ноќевања, а оваа година очекуваме до 4 милиони ноќевања минимум да дојдеме”, изјави премиерот Мицкоски.