Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Обвинителството да си постапи по допрен глас по изјавите на хирургот Жан Митрев

Mickoskikc.jpg

„Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила се надсинхронизираа законите и Уставот”, оцени премиерот Христијан Мицкоски на прашање за јавното сведоштво на хирургот Жан Митрев дека Филипче и СДСМ сакале да му ја преземат приватната клиниката.

„Немам што да коментирам, претпоставувам би требало Обвинителството по допрен глас да коментира. Но тоа мене не ме изненадува, ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа, посебно во тој период кога се носеше таа би рекол вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија. Има многу сведоштва што говорат за однесувањето на Владата во тој период. Вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски Стево во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател Пендаровски Стево и пред законите и пред Уставот, затоа што постојат основани сомневања дека голем дел од тие одлуки се и спротивни на закон и спротивни на Устав. Така што еве јас ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, истото што го чекаат сите граѓани во Македонија”, одговори Мицкоски на прашање по обвинувањето од хирургот Жан Митрев дека Филипче и СДСМ сакале да му ја преземат приватната клиниката.

Можете да прочитате

Изречени казни од 40.000 евра – АХВ со вонредни контроли во маркетите

Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

Пендаровски: Уставниот суд потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите