Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови

20260102132159 big 730x400 78.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови.

-Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава. и во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023, веќе во 2024 и 2025 се доближивме до ставката од 680 милиони денари, за да сега веќе за следната година имаме над 770 милиони денари токму за ова – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Кочани.

Според него, тоа не е доволно, но е многу повеќе отколку состојбата што ја затекнале.

-Очекувам во годините коишто следат и со измените во Законот за високо образование во коишто моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови што ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и што ќе бидат дел од базата на Томсон Ројтерс. Направивме една анализа којашто не води кон тоа дека ако сакаме да имаме универзитет којшто ќе биде во првите илјада на Шангајската листа мораме меѓу осум и десет пати да го зголемиме бројот на научни трудови кои како држава и универзитети треба да ги објавуваме во научни списанија со фактор на влијание, а се дел од базата на Томсон Ројтерс или позната како Веб оф сајенс – нагласи Мицкоски.

Премиерот истакна дека со последните зголемувања прилично се достоинствени примањата на редовните професори, на вонредните, доцентите и асистентите, и оти сега треба да се посветиме на науката.

Можете да прочитате

МЗ: Итензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување кај детето

Традиционална Бадникова прослава 2026 во Крива Паланка – 24info.mk

Николоски: Градежништвото порасна на 21 % што е историски највисок раст , тоа е резултат на капиталните проекти