Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски-Норман: Уставни измени под бугарски диктат и вакви услови нема да има, потребни се брзи избори

Мицкоски-Норман: Уставни измени под бугарски диктат и вакви услови нема да има, потребни се брзи избори
300x250 opst2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски  остварија средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа потенцирани добрите односи помеѓу двете држави, при што Мицкоски се заблагодари на амбасадорот за поддршката која Канада и ја дава на Македонија.

Воедно на средбата се разговараше за македонските евроинтеграции. Мицкоски истакна дека на Македонија местото и е во Европската Унија, но условите според кои треба да биде дел од унијата треба да бидат како за сите земји членки, односно според Копенхагеншките критериуми.

Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени останува непроменет, односно дека промена на Уставот под бугарски диктат и под овие услови нема да има, а истото ќе биде пренесено во Собранието.

На средбата беше посочено дека Македонија треба да се фокусира на проблемите кои се од значење на граѓаните како борба со криминалот и високата корупција особено кај функционерите во власта, како и подобрување на тешката економска ситуација. Мицкоски нагласи дека за тоа да може да се случи, за да има промени и подобрување во Македонија неопходни се брзи предвремени парламентарни избори.

Воедно на соговорниците се согласија дека соработката на двете држави уште повеќе може да се продлабочува и интензивира.

Можете да прочитате

Пукање во центарот на Куманово – повреден носител на советничка листа од Липково

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДИЗ: Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија